Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ СИ ИГРА ОПАСНИ ИГРИ И ГО „ГАЃА“ ЗАПОРОЖЈЕ - сега Русите тврдат дека спречиле напад врз најголемата европска нуклеарка

КОЈ СИ ИГРА ОПАСНИ ИГРИ И ГО „ГАЃА“ ЗАПОРОЖЈЕ - сега Русите тврдат дека спречиле напад врз најголемата европска нуклеарка

Русија тврди дека спречила украински напад врз најголемата европска нуклеарна централа.

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев изјави дека специјалците утрово успеале да спречат „терористички напад“ врз нуклеарната централа во Запорожје.

Украинските сили „продолжуваат да ја гранатираат нуклеарната централа Запорожје со западно оружје, што може да доведе до глобална катастрофа“, рече Патрушев.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за нападите, а двете страни ги негираат тврдењата на другите.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која постојано изразува загриженост за гранатирањето, предложи формирање зона за нуклеарна безбедност и заштита околу централата.

Претходно, украинската државна нуклеарна компанија соопшти дека руското гранатирање ги оштетило високонапонските линии во централата, принудувајќи ја да работи на резервни генератори.

Руските сили ја презедоа контролата врз централата на почетокот на март, но украинскиот персонал продолжува да управува со неа.

Слично

Поврзани вести