Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој се му помогнал на Мохамед Булел за нападот во Ница?

Кој се му помогнал на Мохамед Булел за нападот во Ница?

Јавното обвинителство во Франција покренало обвиненија против пет лица поради вмешаност во нападот во Ница, во кој исламист со камион влета во толпа и прегази 84 луѓе.

Тројца од нив, Шокри Ц., Мохамед Валид Г. и Рамзи А. се обвинети дека се соучесници во „убиство извршено од група поврзана со терористи“.

Рамзи А,, заедно со брачна двојка Албанци, Артан Х. и Енкелеџа З., се товари и за „крешење на законот за поседување оружје и за членство во терористичка група“. Овие тројца се гонат дека учествувале во обезбедувањето на пиштолот со кој напаѓачот Мохамед Булел, пукаше врз полицијата пред да биде убиен.

„Обвинителството покрена обвиненија за учество во терористичко злосторничко здружување со цел подготовка на едно или повеќе кривични дела за напад врз луѓе, за убиство и соучество во убиство од страна на организирана група, за обид за напад врз лица кои се носители на одговорност за јавниот ред, за набавување, поседување и пренесување на оружје во организирана група“ - изјави парискиот јавен обвинител Франсоа Молин.

Вели дека  сите овие дела „се поврзани со терористички потфат“.

Молин кажа дека четворицата мажи и жената биле „вклучени во подготовките“ на нападот, кој е планиран повеќе месеци, како и дека еден од нив го снимал местото на злосторството еден ден по нападот, иако таму се наоѓале голем број полицајци и новинари. Сите обвинети биле во контакт со Булел уште пред 14 јули.

Според Молон, убиецот „имал поддршка и соучество во подготовката и извршувањето на кривичното дело“. Тој посочи дека во периодот од една година биле регистрирани 1.278 повици меѓу убиецот и Мохамед Валид Г. Тој на 10 јануари 2015 година по нападите врз Шарли Ебдо на Булел му напишал: „Јас не сум Чарли ... јас сум среќен. Тие ги донесоа војниците на Алах да ја завршат работата“.

Убиецот исто така, имал околу 150 телефонски контакти со Шокри Ц., кој во објава на Фејсбук во април минатата година му порачал: „натовари го камионот, стави 2.000 тони железо и ајде пресечи ги сопирачките мој пријателе и јас ќе гледам“.

Наведе дека полицијата при проверката на мобилниот телефон на Булел открила интернет пребарувања и фотографии кои потрдуваат дека тој го планирал нападот уште од 2015 година.

Групата „Исламска држава“ ја презеде одговорност за нападот, но не е утврдена врска меѓу напаѓачот и оваа терористичка организација.

Слично

Поврзани вести