Кој работи повеќе - Американците или Европејците?
Американците се зависници од работа и работат повеќе од Европејците. Тие не само што работат повеќе часови во споредба со вработените во речиси сите други земји во светот, туку и се почесто се пензионираат подоцна и си земаат помалку слободни денови.
Сето ова го покажуваат резултатите од новото истражување, цитирано од Bloomberg. Целта на истражувањето е да се открие колку точно повеќе работат Американците од евопејците. Одговорот: просечниот Европеец работи за 19% помалку во споредба со просечниот Американец. Со други зборови просек со 258 часа помалку од една година, или за околу 1 час помалку дневно. Гледано во уште една перспектива, Американците одделуваат во просек по 25% повеќе часови за работа во споредба со Европејците.
Одработените часови варираат сериозно по држави, покажуваат податоците од необјавен работен извештај на економистите Александар Бик од Државниот колеџ во Аризона, Бетина Бругман од Универзитетот МекМастер во Онтарио и Никола Фукс-Шунделн од Универзитетот Гете во Франкфурт.
Работните навики на Швајцарците се доближуваат најмногу до оние на Американците, додека на спротивен пол се Италијанците, кои во просек одвојуваат по 29% помалку часови за работа во споредба со нивните колеги во странство.

Во истражувањето се земат предвид во просек часови по вработен, не само за луѓето кои имаат работа. Покрај тоа тука се земат предвид не само должината на работната недела, туку и пензионирање, одморите и невработеноста, како и остатокот од времето поминато надвор од работната сила.
Точно е дека не секој дел од времето поминато во канцеларија, продавница или фабрика е добро поминато - произведената количина исто е од исклучителна важност за равенката на продуктивноста. Но, важно е да имаме сигурна калкулација за часови, за да успееме правилно да ја измериме продуктивноста на трудот. Деталните податоци во студијата можат да ни помогнат да разбереме зошто Американците работат толку повеќе од Европејците и кои се најважните фактори за продуктивноста на трудот.
Теориите кои го објаснуваат овој развој на работите, се неколку. Прво повеќечасовната работа се исплати подобро на Американците. Во САД разликите во платите се поголеми, што значи дека вреди да се потруди повеќе да добиеш унапредување.
Даноците исто така можат да претставуваат објаснување. „Американците навистина се побогати од Европејците и една од причините за тоа е дека даноците ги потиснуваат стимулите за работа во Европа“, рече Ли Оханиан, економист во УКЛА.
Покрај тоа работничките сојузи и синдикатите се посилни во Европа, а пензиските системи се повеликодушни.
Едно е јасно - разликата во часови во Америка и Европа се должи на нешто повеќе од културните разлики. Во почетокот на 70-тите години на минатиот век, неколку студии покажаа дека луѓето во САД и Европа работат речиси подеднакво.
