Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj пукаше во џамијата во Норвешка?

Koj пукаше во џамијата во Норвешка?

Белец во униформа пукаше во џамија во Норвешка, едно лице е рането.

Пукањето се случи во џамија во близина на Осло, а осомничениот е уапсен, соопшти денес норвешката полиција.

„Не ни е познато за какви повреди станува збор. Осомничениот е уапсен, а полицијата е на лице место“, информираше полицијата на Твитер.

Пукањето се случило во исламскиот центар Ал нур во Баерум, предградие на Осло.

„Еден наш службеник беше ранет со огнено оружје од страна на белец во униформа“, изјави претставникот на џамијата Ирфан Муштаг за локалниот весник Будстика.

Полицијата наведе дека нема информации за можни други напаѓачи.

Слично

Поврзани вести