Кој предизвика безбедносна тревога во Белата куќа?
Американската тајна служба синоќа на кратко „ја затвори“ Белата куќа од безбедносни причини. Тревогата беше шредизвикана од алармот кој сигнализира дека некој се обидува да влезе во заштитениот простор, прескокнувајќи ја заштитната ограда.
Безбедносните мерки биле особено зајакнати затоа што во тие моменти во Белата куќа се подготвувала пресконференција на американскиот претседател Барак Обама за состојбата во Ирак, па новинарите морале да причекаат додека „заканата“ не се отстрани.
На специјалците не им требало долго да утврдат дека мало детенце успеало да се оттргне од своите родители, да се протне низ решетките, па дури да стигне до тревникот на Белата куќа.
Детето веднаш им било вратено на родителите. „Ќе почекаме да научи да зборува, па ќе го сослушаме за овој инцидент“, се пошегува портпаролот на тајната служба во Белата куќа Едвин Донован.
Слично
