Кој познат лик ќе се појави на шишињата на Кока кола во Кина?
Сликата на американскиот милијардер Ворен Бафет ќе се појави на лименките со Coca-Cola во Кина, објави компанијата.
Насмеаниот Бафет ќе се најде на лимени кутии и шишиња со најблискиот негов вкус Cherry Coke, кој се продава во Кина од 10 март.
Беркшир Хетвеј – инвестициската фирма на Бафет, е најголемиот акционер на Coca-Cola со акции од 9,3% на вредност 17 милијарди долари. Бафет најави дека сликата ќе биде искористена “за ограничен промотивен период”.
86-годишниот инвеститор и филантроп е забележан на бројни настани како пие Cherry Coke, затоа го нарекуваат “најпознатиот нејзин обожавател”. Бафет инвестира во Кока-кола од 1985 година. Во писмо до акционерите во февруари признава дека консумира толку многу кока-коли и бонбони дека се доволни “за да одговараат на неделната потреба од калории на напаѓач од Националната лигата во американски фудбал”.
