Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj остава свински глави пред домовите на руските пропагандисти?

Koj остава свински глави пред домовите на руските пропагандисти?

„Новаја газета“ пишува дека свински глави се оставени на куќните прагови на тројца руски пропагандисти. Настаните се случиле во рок од една недела. 

Колумнистот на РИА, Тимофеј Сергејцев, фоторепортерот на Тасс, Михаил Терешченко и воениот аналитичар Константин Сивков, пронашле отсечени свински глави на праговите од своите домови. 

Сергејцев пакетот со свинската глава го добил на 26 септември, Сивков на 20 септември, а Терешченко на 19 септември. Наводно, при претресот во куќата на човекот кој го доставил пакетот на Терешченко, се пронајдени уште четири пакети со свински глави. Меѓутоа, руската полиција не утврдила кој стои зад овие настани. Сергејцев е познат како автор на книгата „Што треба Русија да направи со Украина“, објавена во април минатата година, во која тој се залага за деукраинизација, дебандеризација и деевропеизација на Украина. Тројцата руски пропагандисти и претходно добивале закани. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Украина не планира да отстапува територии во замена за мир.

Русија планира идната година да ги зголеми средствата за армијата за 68 проценти споредено со претходната година и тие ќе достигнат 10.800 милијарди рубљи (106 милијарди евра).

фото ЕPA

Слично

Поврзани вести