Кој нема да ја прими вакцината - не може да работи: Нова контроверзна одлука поврзана со вакцинацијата
Министерот за здравство на Израел, Јули Еделштајн, потврди дека земјата планира да им забрани на
оние што не примиле вакцина против корона вирусот да работат на одредени работни места, додавајќи дека секој
што ќе го фалсификува сертификатот за вакцинација, ќе заврши во затвор.
-Ќе има работни места каде што работниците за да може да работат, ќе мора да се вакцинираат или да се тестираат за Ковид-19 на секои 48 часа, рече израелскиот министер за здравство, пренесува РТ.
Еделштајн не прецизираше од кои работни места ќе бидат исклучени невакцинирани работници, но тој ги повика сите да ја примат вакцината за да помогнат животот да се врати во нормалност.
-Вакцинираните и оние што веќе го прележале вирусот ќе можат да одат во спортски сали, хотели, синагоги и концерти од недела натаму, рече израелскиот министер додека зборуваше за израелскиот систем на „зелени пропусници“ што стапуваат на сила 21. февруари.
Пасоши ќе добијат оние кои ја примиле вакцината или кои се оздравеле од Ковид-19.
Еделштајн рече дека израелските власти веќе заплениле голем број лажни документи за вакцинација и предупреди дека кај секој што ќе биде пронајден фалсификуван сертификат за вакцина, ќе заврши зад решетки.
Израел е водечка земја во светот според бројот на вакцинирани, веќе се аплицирани речиси седум милиони дози вакцини.
