Кој нема да извезе во Русија, ќе добие пари
Европската комисија издвои 125 милиони евра за итна поддршка на секторите за производство на овошје и зеленчук, кои се сериозно погодени од руското ембарго за увоз на прехранбени производи од западните земји.
Мерката за пазарна поддршка стаппува на сила денеска, така што земјоделците ќе добијат паричен надомест за своите повлечени производи од рускиот пазар - моркови, домати, зелка, пиперки, карфиол, кисели краставици, печурки, јаболка, круши, рибизли, грозје и киви.
„Предвидениот буџет изнесува околу 125 милиони евра. Сакаме да го намалиме вишокот на стока понудена на пазарот за да се избегне драстичен пад на цените“, вели еврокомесарот за земјоделство Роџер Вајт.
Според него мерката што се применува од денеска, ќе биде на сила до крајот на ноември.
Главни добавувачи на овошје и зеленчук со краток рок на употреба во Русија се Полска, Литванија, Белгија и Холандија, така што тие земји ќе имаат приоритет за спроведување на европските мерки.
Европските министри за земјоделство ќе се сретнат на 5 септември во Брисел за да ги разгледаат последиците од руското ембарго.
Слично
