Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПИЕ ПИВО? Популарниот пијалок може да им направи сериозни проблеми врз здравјето

КОЈ НЕ СМЕЕ ДА ПИЕ ПИВО? Популарниот пијалок може да им направи сериозни проблеми врз здравјето

Пивото е популарен пијалок, но може да има несакани ефекти. Во секој случај, ограниченото внесување на алкохолни пијалоци е многу пожелно, но има групи на луѓе на кои пивото не им се препорачува особено, пишува aktivni.metropolitan.si.

Пациенти со дијабетес

Пивото може брзо да го подигне нивото на шеќер во крвта, па затоа овој напиток не се препорачува за дијабетичари.

Луѓето со прекумерна тежина

Ако сте во процес на слабеење, можеби е во ваш најдобар интерес да избегнувате пиво бидејќи има многу калории и речиси и да нема хранлива вредност.

Луѓе кои се чувствителни на глутен

Дали знаевте дека многу видови пиво содржат глутен? Ако сте нетолерантни, најдобро е да избегнувате пиво или да барате верзија без глутен.

Луѓе со синдром на нервозно дебело црево

Пивото може да предизвика надуеност, проблеми со гасовите или дијареа, поради што овој пијалок не се препорачува особено за луѓе со чувствително варење.

Проблеми со црниот дроб

Веројатно е јасно дека алкохолот е штетен за црниот дроб. Поради оваа причина, пивото не се препорачува за оние со проблеми со црниот дроб.

Без разлика дали припаѓате на некоја од гореспоменатите групи на луѓе, многу е важно умерено да консумирате алкохол и да се грижите за вашето здравје, пренесува CityMagazine.

фото: EPA-EFE/MARK MARLOW

Слично

Поврзани вести