Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој не сака победа на Ангела Меркел?

Кој не сака победа на Ангела Меркел?

Какви се очекувањата од германските избори во странство? Во Грција или Турција малкумина би се радувале на мандатот на Ангела Меркел. Во Полска германската канцеларка е исклучително омилена – не само поради својот дедо.

Во Турција речиси никој не навива за Ангела Меркел и актуелната германска влада.- Германската влада  има водечка улога во ЕУ, кога станува збор за одбивање на турското членство во ЕУ – вели за Дојче веле Емре Ганен политиколог од Европскиот институт при Универзитетот Билгл во Истанбул. Затоа за многу Турци, Ангела Меркел и Владата, во Анкара стана симбол на ЕУ која го одбива членството на Турција и поради тоа е непопуларна.

Во текот на протестите и околу паркот Гези во Истанбул, дојде до размена на оган меѓу Берлин и Анкара. Ангела Меркел ја критикуваше постапката на полицијата кон демонстрантите како премногу остра, на што турскиот министер Егемен Багис одговори: - Ако госпоѓата Меркел бара тема за да поентира на внатрешно политички план, тогаш тоа не треба да биде Турција.

Генерално гледано, постојат само две причини поради кои турската јавност се интересира за парламентарните избори во Германија, вели политикологот Генен: - Дискусијата околу примањето на Турција во Европската унија и големиот број на турски имигранти кои живеат во Германија. Освен тие теми, речиси и да нема интерес за германската политика. Турците моментално се соочуваат со други внатрешно политички конфликти, како што се демонстрациите во паркот Гези и конфликтот во Сирија. Околу половина милион Сиријци се бегалци во Турција.

Освен тоа, турските експерти не очекуваат големи промени во Германија, дури ни ако се промени односот на силите во Бундестагот. – Се чини дека Ангела Меркел дури и во коалиции е доминантно лице – вели Фатима Јилмаз Елмас, политиколог во Центарот за европски студии. Таа вели дека освен тоа, не постои никој ни внатре ни надвор од Германија кој би можел да влијае на Ангела Меркел да го промени својот став за одбивање на Турција во ЕУ.

Фатима Јелмаз Елмас смета дека може да дојде само до помали промени за Турците кои живеат во Германија и тоа ако на пример дојде до коалиција со Зелените.

- Зелените се залагаат за двојно, германско-турско државјанство, што би било позитивен развој на настаните.

Грчка изборна грозница во Германија

И додека германските парламентарни избори во Турција не претставуваат посебно важна тема, во Грција доминираат наслви како Грчка изборна грозница во Германија. Се работи за наслов кој неодамна го објави дневниот весник Та Неа, или објави весникот То Виме. Авторите на овие натписи сметаат дека со дискисијата за третиот пакет помош за Грција, во германската предизборна кампања се обидуваат да освојат гласови на гласачите. Некои партии целно се борат за гласови на гласачи критикувајќи ја Грција, сметаат авторите.

Генерално, расположението во Грција пред германските парламентарни избори е поделено, вели Тасорс Какироглу, експерт на атинскиот Весник на уредникот.

- Едни сметаат дека независно од резултатите од изборите, може да дојде до тоа отписот на долговите повеќе да не биде табу тема – вели Какироглу. Според него, таков курс би бил можен дури откако ќе биде јасно кој е победник на изборите бидејќи тоа за многу германски гласачи е непопуларен потег. – Други се плашат дека може да дојде до спротивен развој на настаните: германски барања за нови уште построги мерки за штедење.

Какироглу лично верува дека Грците не треба да очекуваат големи промени, без оглед на тоа кој ќе победи на изборите во Германија.

Во Полска нема дебати за германските избори

Значи, во Грција германската канцеларка важи како претставничка на политика за штедење во кризата на еврото и не е омилена. Нејзиниот трет мандат на функцијата канцелар тешко да предизвика радост во Грција. Наспроти тоа, во полската јавност Ангела Меркел е претставена како лојална партнерка во Европа. Симпатиите за германската канцеларка посебно се големи откако стана познато дека нејзиниот дедо бил Полјак. – Таа порано зборуваше дека навива за Полска, а ние мислевме дека тоа потекнува од комунистичките времиња кога патувала во Полска. Денес на тие зборови гледаме во друг контекст – пишува полскиот дневен весник Газета виборча.

Но, целосно гледано, интересот за полските медиуми кога се работи за германските избори, се наоѓа во граница на нормалата. Се поаѓа од тоа дека Ангела Меркел ќе освои трет мандат. Од друга страна се критикува предизборната кампања: Без теми, без дебати, без нешто за што на минатите избори навистина можеше да се расправа, коментира полскиот публицист Адам Кржемски. Тој се прашува дали е можно структурните слабости на социјалдемократите навистина толку да се големи, па тие во предизборната кампања како опозиционери, да немаат посилен настап.

Во едно прашање Кржемски дава предност на Перу Штајнбрик, кандидат на социјалдемократите СПД за канцелар, а во врска со Ангела Меркел: Политичар на СПД а во нејзиното минато од ДДР, гледа причина поради која таа има толку малку страст кон Европа.

- Граѓаните на ДДР не веруваа многу на европската идеја за заедништво – смета тој публицист. Затоа тој во спорните изјави на Штајнбрик гледа зрно на вистината.

извор: Миа

Слично

Поврзани вести