Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој не сака да почитува мерки, ќе оди в затвор

Кој не сака да почитува мерки, ќе оди в затвор

Кој не сака да почитува мерки за заштита од коронавирусот, ќе оди в затвор. 

Строги правила има во Уганда.  Оние луе кои ги прекршуваат правилата на движење поради коронавирусот, ќе бидат казнети, дури и со затвор до два месеци. За компании, барови, ноќни клубови, кина и продавници, во случај на повреда на забраната, им следува затвор, пренесуваат агенциите. Со тековните мерки за движење се ограничуваат културните церемонии, како што се свадби, на само 20 лица, а секој што ќе биде домаќин на поголем број лица може исто така да оди во затвор.  Безбедносните сили претходно, во некои случаи беа принудени да користат сила, а неколку лица беа убиени, пишуваат тамошните медиуми. Од почетокот на пандемијата во Уганда се регистрирани повеќе од 83.000 заразени, а повеќе од 1.900 луѓе починаа. 

Поради делта сојот, дел од државите ги враќаат рестрикциите. 

Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор повторно е задолжително во Израел. Португалија ги враќа ограничувањата откако странски туристи предизвикаа зголемување на нови инфекции со ковид-19 само по еден месец откако се отвори државата за патувања.

foto freepik

Слично

Поврзани вести