Кој не сака без бурка, да си бара друга земја!
Koнзервативните баварски сојузници на германската канцеларка, Ангела Меркел составија листа на барања, вклучувајќи лимит за миграцијата и забрана на бурки, пишува Ројтерс.
Владејачкиот конзервативен блок понесе удар во неделата, кога Демохристијанската унија (ЦДУ) на Меркел беше истуркана на третото место во источната провинција Мекленбург-Западна Померанија од антиимигрантските „Алтернатива за Германија".
Меркел признава дека нејзината политика на отворени врати за мигрантите (околу еден милион пристигнаа во Германија минатата година) придонела за конфузии и неуспех.
„Бројот од максимум 200 000 нови бегалци годишно е горната граница за успешна интеграција и таа треба да биде прецизирана во законот" - се вели во документот.
Меркел повеќепати го отфрлила сличното ограничување на бројот на мигрантите.
Политичкиот документ, кој тврди дека стои зад германските вредности и нагласува дека „Германија мора да остане Германија", повикува и за забрана на бурка.
„Кој не сака да живее без бурка, треба да си бара друга држава", се вели во текстот.
