Кој не носи маска, ќе плати 1.000 евра
Висока сума на пари ќе треба да платат Италијанците кои нема да носат маски.
За нив следи казна од 1.000 евра.
„Вирусот не дозволува одмор“, пишува весникот „Република“.
Во провинцијата Латина, јужно од главниот град Рим, е воведен 14-дневен режим наречен мини-заклучување.
Некои од пропишаните мерки се за барови и ресторани на кои им е забрането да работат по полноќ и се ограничени на сместување на најмногу четири лица на една маса.
Декретот на Никола Зингарети, гувернер на регионот Лацио, каде што се наоѓа Латина, предвидува дека на социјалните настани и верските собири може да присуствуваат најмногу 20 лица, додека во болниците и домовите за стари лица и немоќните, посетите се забранети.
Земјата дневно имаше и по 5.000 заразени.
Италија беше најпогодена европска земја, а за да се спречи ширењето на вирусот, целата земја претходно беше во карантин. Досега во Италија 36.140 луѓе починаа од коронавирусот.
Во Македонија за овој прекршок казната е 20 евра.
