Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој му се закани по живот на Курц кој затвора џамии?

Кој му се закани по живот на Курц кој затвора џамии?

На австрискиот канцелар, Себастијан Курц зголемено му е обезбедувањето поради закани по живот откако одлучи да затвори седум џамии и да протера имами. 

Преку социјалните мрежи на Курц му порачаа да се подготви за убиство.

„Подготви се да умреш“  или „Сакаш ли војна“, се некои од заканите, но му пишуваат и дека е ционист, дека не е христијанин, туку Евреин.

Заканувачите му пишуваат дека ќе се најде во кутија. 

Сојузната служба за заштита на уставноста и борба против тероризам покрена истрага против тие што ги пратија пораките, Обезбедувањето на канцеларот е зголемено и неговиот стан постојано го обезбедуваат „Кобри“.

Инаку, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се налути за потегот на Курц, и побара Европа, односно Германија да го смири. Тој рече дека со ова Курц може да предизвика војна меѓу крстот и полумесечината. 

Слично

Поврзани вести