Кој ќе се смести во родната куќа на Хитлер?
Полицијата ќе се смести во родната куќа на Адолф Хитлер. Куќата е лоцирана во градот Браунау на Ин на австриско-германската граница. Специјална комисија предложи да се направат архитектонски промени.
Реконструкцијата се очекува да заврши за две години, за што ќе се потрошат 20 милиони евра. Зградата во која се роди нацистичкиот диктатор и ги помина првите месеци од својот живот е празна. Здружението на лица со интелектуална попреченост се исели од објектот во 2011 година.
Слично
