Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе одбие вакцина, ќе плати казна од 3.600 евра

Кој ќе одбие вакцина, ќе плати казна од 3.600 евра

Во Австрија следи казна од 3.600 евра за одбивање на вакцината против коронавирусот. 

Предлог-законот, на кој работи Министерството за здравство, предвидува лицата кои нема да ја почитуваат обврската за вакцинирање да бидат казнети со глоба до 3.600 евра за одбивање на првата доза и 1.450 за одбивање на третата доза, пренесува Танјуг.

Властите не се задоволни од стапката на вакцинација.  Австрија прва го ограничи движењето на невакцинираните граѓани.

Инаку, Чешка и Словачка од денеска им забранија на невакцинираните лица да посетуваат пабови и други услужни активности, откако одделенијата за интензивна нега во болниците се преполнија поради зголемениот број заболени од корона вирусот.

фото freepik.com

Слично

Поврзани вести