Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ЌЕ ЈА СНОСИ ОДГОВОРНОСТА ЗА ТРУЕЊЕТО ВО УЧИЛИШТАТА: Во Иран уапсени над 100 лица за труење ученички

КОЈ ЌЕ ЈА СНОСИ ОДГОВОРНОСТА ЗА ТРУЕЊЕТО ВО УЧИЛИШТАТА: Во Иран уапсени над 100 лица за труење ученички

Повеќе од 100 лица се уапсени во Иран во врска со мистериозното труење на женските училишта, соопштија денеска тамошните власти.

„Повеќе од 100 лица осомничени дека се одговорни за инциденти во училиштата се идентификувани, уапсени и испрашувани“, се вели во соопштението на иранското Министерство за внатрешни работи, според новинската агенција Ирна. Министерството не соопшти детали за овие лица, ниту кои се уапсените, ниту пак во неколку провинции.

Сепак, тие додаваат дека целта на некои од уапсените била да ги заплашат ученичките и да ги затворат училиштата. Во соопштението дури се споменува и можна поврзаност на осомничените со група која Иран ја смета за терористичка - Народните муџахедини (МЕК). Членовите на таа група се во егзил во Албанија.

Реагирајќи на овие тврдења, Шахин Гобади, портпаролот на МЕК, го осуди „смешниот спектакл“ кој, како што рече, ја прикрива улогата на владејачките структури во ова „големо злосторство“.

„Злосторството за труење на илјадници ученички не е дело на никој освен свештеничкиот режим и неговиот апарат за безбедност и репресија“, додаде тој.

Од ноември, многу училишта, претежно за девојчиња, пријавиле повеќе од 5.000 случаи на труење.

Фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Слично

Поврзани вести