Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе ги купи скалите на Ајфеловата кула?

Кој ќе ги купи скалите на Ајфеловата кула?
Дел од оригиналните скали на Ајфеловата кула ќе биде ставен на лицитација, а цената за 15 скали би можела да достигне 40 илјади долари. Петнаесет скали, високи 3,5 метри и тешки 750 килограми, кои ги поврзуваа второто и трето ниво на Ајфеловата кула, би можеле да достигнат цена помеѓу 27.000 и 40.000 долари на лицитација, која ќе се одржи идниот понеделник во Париз, соопшти аукциската куќа Арткуријал. Оригиналните скали во рамките на новиот правилник за безбедност се заменети во 1983 година. Старите се исечени на 24 дела, од кои еден дел е сочуван на Ајфеловата кула, а три од нив се во париските музеи. Ајфеловата кула е изградена како експонат на Светската изложба во 1889 година, по повод 100-годишнината од Француската револуција. Со височината од 300 метри , до 1930 година беше најголемата градба во светот.
Слично

Поврзани вести