Кој ќе ги чува возовите во Франција?
Се преземаат мерки за поголема безбедност во возовите во Франција, по серија напади кои се случија во земјата.
Вооружени цивилни службеници од утре ќе бидат присутни во возовите и метрото во Франција.
Тоа се луѓе со специјална подготовка и најмалку пет годишно искуство во одделите за безбедност на француските државни железници и државната компанија, која управува со средствата за јавен транспорт во Париз и Ил де Франс.
Парламентот во март годинава усвои измена на Законот за безбедност на транспортните средства, со што се овозможува од утре, 1 октомври, во возовите и метрото да има цивилни вооружени службеници.
Од јануари лани Франција стана мета на големи терористички напади, во кои загинаа вкупно 238 лица.
Напади имаше во Париз, Ница, и други помали напади и инциденти во други градови.
