Кој ќе биде новиот сопственик на Форбс?
Главниот акционер и претседател на бордот на директори на магазинот Форбс, Стив Форбс, и неговите партнери ги разгледуваат веќе пристигнатите понуди за купување на списанието. Како што пренесува Блумберг, тие се фокусирани на една примамлива понуда од засега неименуван купувач. Според информирани извори станува збор за „Deutsche Bank“. Се очекува, ако се дојде до договор, тој да не е за помалку од 400 милиони долари.
„Forbes “ кое е нарекувано уште списанието на богатите, почна да излегува во 1917-та година. Изданието е специјализирана во подготовката на секакви класици и рејтинзи, поврзани со големите пари и/или едноставно со влијание – најбогатите актери, најбогатите политичари, најбогатите спортисти, највлијателните луѓе во светот или во одделни земји и региони. Во 2012-та година медиумот има заработено 275 милиони долари од реклами. Бројката е импозантна, но со 19 проценти помала од онаа во 2008-та година, годината пред почетокот на светската економска криза.
Од тогаш наваму профитот на „Forbes“ паѓа непречено, но стабилно. Тоа е веројатно причината Стив Форбс да се одлучи да го продаде, особено во присуство на понуда. Во 2011-та година беше пуштена европска верзија на „Forbes“. Списанието се издава под лиценца на соодветниот јазик и во Русија, Полска, Украина, Јапонија, Бразил, Кина и Кореја. 45 проценти од акциите на „Forbes“ во 2007-та година беа купени од „Elevation Partners“ – компанија, во која косопственик е фронтменот на „U2“ Боно Вокс.
Слично
