Кој ќе биде најголем снабдувач на банани во светот?
Дистрибутерот на овошје Chiquita Brands International Inc го купува ривалот Fyffes Plc од Ирска, пренесува Ројтерс. Трансакцијата ќе се оствари во целост со акции.
Со трансакцијата ќе се "роди" најголемиот снабдувач на банани во светот, како и компанија за свежи производи со околу 4,6 милијарди долари годишен приход и над 32 илјади вработени.
Акционерите на Chiquita се очекува да поседуваат околу 50,7% од новата компанија - ChiquitaFyffes, а акционерите во Fyffes ќе ги држат останатите 49,3% од акциите.
Двете компании проценуваат дека до 2016 година ќе остварат заштеди во износ од најмалку 40 милиони долари годишно.
Акциите на Fyffes се зголемуваат со над 44% до 1,29 евра за број по објавувањето на спојувањето.
Новинската агенција додава дека договорот може да создаде регулаторни проблеми, бидејќи над 80 отсто од глобалниот пазар на банани се контролира од 4 мултинационални компании - Chiquita, Fyffes, Fresh Del Monte и Dole Food Company.
Според Wall Street Journal пазарот на банани во глобален план се проширува. Во 2012 година извозот е зголемен за 7,3% до рекордни 16,5 милиони тони, покажуваат податоците на Обединетите нации (ОН).
Историјата на Chiquita датира од 1870 година, кога Лоренцо Доу Бејкер купил 160 врски со банани во Јамајка и ги доставил до Њу Џерси, САД. Бродовите на компанијата биле користени од страна на Владата на САД за време на Втората светска војна, што речиси го предизвикува нејзиниот банкрот.
Сепак Chiquita својот моментум го добива по војната. Таа е меѓу првите компании кои го претставаат својот заштитен знак, за да се искористи зголемената побарувачка на егзотични овошја.
Во 1944 година компанијата го претстави Miss Chiquita - анимирана банана, кој пеел за безброј бенефиции од бананите како вкусна и здрава храна. Сликата и лесната за паметење мелодија остануваат амблем на компанијата за цели 50 години.
Минатото на Chiquita сепак не е без контроверзии. Во 2007 година компанијата плати казна од 25 милиони долари поради нерегулирано плаќања кон партизанска војска во Колумбија со цел да се заштити. Вооружената група сепак беше на листата на американскиот Стејт департмент на терористичките групи.
Историјата на седиште во Даблин Fyffes започнува во 1888 година, кога е остварен првиот бродски превоз на банани од Канарските острови. Стоката е продадена во Лондон.
K.K.
Слично
