Кој ќе ја води Британија на патот од ЕУ? Против Џонсон се натпреварува и „нова Маргарет Тачер“
Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј најавила во писмо објавено во четвртокот во Тајмс дека ќе се кандидира за наследничка на Дејвид Камерон и ветила дека ќе ги собере сите Британци.
Камерон се обврза да поднесе оставка ако британските избирачи изберат излез од Обединетото Кралство што се случи со тесно мнозинство на референдумот на 23 јуни.
До 9 септември треба да биде познато името на новиот премиер кога ќе гласаат 145 000 членови на конзервативната партија помеѓу двајца финалисти.
„После референдумот минатата недела, на нашата земја и треба силен и признат водач да го премине овој период на економска и политичка несигурност и да ги договори најдобрите услови за излез од Унијата“, напишала Меј.
Најавила дека сака да помине „радикална програма на општествени реформи“, како Кралството би била земја во служба на сите.
„На некои мора да им биде јасно дека владеењето не е игра, тоа е сериозна работа со вистински последици на животот на луѓето“, рекла мислејќи на својот главен противкандидат, поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон кој бил водач меѓу заговорниците на Брегзит.
Тереза Меј (59) на должноста министерка за внатрешни работи за избрал Дејвид Камерон во 2010. Понекогаш ја нарекуваат „новата Маргарет Тачер“ поради цврстите ставови било да се работи за делинквенти, илегални мигранти или исламистички проповедници.
Меј е евроскептик во душа, но се залагала за Брегзит бидејќи му останала верна на премиерот Камерон. Во кампањата одработила минимална работа и притоа дури го бранела ограничувањето на доселување, а тоа била главната тема на приврзаниците за излез од ЕУ.
Тајмс напишал дека „таа е единствена личност способна да ја обедини поделената конзервативна партија“.
Кандидатите имаат рок до полноќ да поднесат кандидатури.
