КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ НЕУНИШТЛИВИОТ КАРИМОВ: После 25 години владеење почина претседателот на Узбекистан
Долгогодишниот претседател на Узбекистан Ислам Каримов почина, соопштија дипломатски извори.
Тој претходните денови беше во критична ситуација поради сериозните компликации предизвикани од мозочен удар, соопшти денеска владата на таа земја.
„Здравјето на претседателот е сериозно нарушено, и според наодите на лекарите тој е во критична состојба“, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот.
Помладата ќерка на претседателот Лола Каримова Тилјајева навела деа Каримов е префрлен на одделението за реанимација бидејќи во саботата утрото преживеал мозочен удар, а неколку часа подоцна на опозицискиот сајт Fergana.ru е објавено дека починал.
И Ројтерс пренесе дека Каримов починал.
Во текот на своето 25-годишно владеење отстранил многу свои политички противници, а невладините организации го обвинуваа за редовно местење на изборите и поддржување на мачење на затвореници.
Како можни наследници на Каримов се споменува премиерот Шавкат Мирзиојев и вицепремиерот Рустам Азимов

Слично