Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој ќе биде следниот премиер на Турција?

Кој ќе биде следниот премиер на Турција?

Министерот за транспорт, Бинали Јилдирим денеска ќе биде избран за претседател на владејачката турска Партија на правдата и развојот и за премиер на Турција. 

Јилдирим е близок соработник на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и тој ќе дојде на местото на Ахмет Давутоглу, кој поднесе оставка од лидерската позиција во партијата и премиерската функција по серијата несогласувања со претседателот на државата.

Јилдирим изјави дека неговата номинација е резултат на консултациите меѓу приближно 800 важни членови на АКП.

„Ќе ги вложиме сите напори за да работиме во целосна хармонија, пред се со нашиот основач и лидер, а потоа со нашите колеги на сите нивоа на партијата за да ги исполниме целите на нашата земја“ - вели Јилдирим.

Тој е единствениот кандидат за лидер на АКП и  ќе биде избран денеска на специјалниот партиски конгрес, изјави портпаролот на партијата, Омер Челик.

Слично

Поврзани вести