Кој им прати бомби на Обама и Клинтон?
Бомби наменети за Обама, Клинтон и една медиумска куќа се откриени денеска.
Тие биле упатени на адресите на Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, а американските медиуми јавуваат дека имало евакуација на просториите на Си Ен Ен и Тајм Ворнер центарот во Њујорк.
Белата куќа веднаш ги осуди обидите да се нападнат претседателот Обама, поранешниот државен секретар Клинтон, како и други јавни личности.
Американската полиција почна истрага, откако сомнителните пакети се навреме откриени при рутинска контрола на поштата.
Слично
