Економија, финансии, бизнис

Контакт

Koj град e со најдобар квалитет на живот во светот?

Koj град e со најдобар квалитет на живот во светот?

Копенхаген повторно e град со најдобар квалитет на живот во светот. 

Главниот град на Данска, Копенхаген е прогласен за град со најдобар квалитет на живот во светот втора година по ред, според годинашната листа објавена од истражувачката рубрика „Оддел за информации“ на британското списание „Економист“.
Копенхаген постигна максимален број поени во категориите стабилност, инфраструктура и образование. Според претставниците на „ЕИУ“, данската престолнина ја задржа својата водечка позиција благодарение на комбинацијата од високо ниво на безбедност, развиена инфраструктура, богата културна понуда, квалитетна животна средина и високо ниво на јавни услуги.

Во списокот најдобри мета за живеење, вклучени се 173 градови низ целиот свет, а данската престолнина го задржа првото место пред Виена (Австрија), којашто претходно беше најдобро рангиран град три години по ред.

„ЕИУ“ ги оценува градовите според неколку критериуми – безбедност и стабилност, образование, здравствена заштита, инфраструктура, култура и животна средина.

Натаму, трет е Мелбурн (Австралија), што напредуваше за една позиција во споредба со минатата година, додека Сиднеј се помести од шестото на четвртото место. Швајцарски Цирих падна на петтото место, додека Женева е шеста. Осака (Јапонија) ја задржа својата седма позиција, Аделаида (Австралија) беше осма, Ванкувер (Канада) деветти, а Токио (Јапонија) – десетти.

Ванкувер е единствениот северноамерикански град којшто влезе во првите 10. Меѓу градовите во САД, Хонолулу остана најдобро рангираниот град, на 25. место, и покрај тоа што падна за две места. Њујорк се искачи за три места – на 66-то, што ѝ се припишува на подобрената безбедност, со пад на криминалот и помала перцепирана закана од терористички напади.

foto Wikipedia/Pudelek 

Слично

Поврзани вести