КОЈ ГО ЗАМЕНИ КАНЈЕ ВО НОВАТА КАМПАЊА НА АДИДАС: Компанијата го откри новото лице, но реакциите не се позитивни
Бела Хадид е пред нова рекламна кампања која промовира
колекција на францускиот моден бренд Баленсијага и германскиот гигант за
спортска облека Адидас.
Но, некои тврдат дека ангажирањето на палестинско-американскиот супермодел, со холандски корени, веднаш по раскинувањето на соработката со раперот Канје Вест поради неговите антисемитски објави, било грешка.
Инаку, прво Баленсијага престана да работи со Канје, а потоа истото го направи и Адидас, бидејќи се крена голема прашина поради објавите на раперот на социјалните мрежи.
Помладата сестра Хадид е, пишува РТ, гласен критичар на Израел и неговиот третман кон Палестинците, што нејзините противници, исто така, го нарекуваат антисемитски, во суштина.
-Тие едноставно заменија еден антисемит со друг, со што само нагласија дека никогаш не станувало збор за вредности или борба против расната омраза, туку само за профит - изјави произраелскиот активист Арсен Островски за World Israel News, нарекувајќи ја оваа одлука „врв на лицемерието“.
Авторот Марк Вилдс, кој е рабин на Менхетен, се пожали дека американските корпорации, официјални лица и познати личности покажале „тивки реакции“ на контроверзните изјави за Израел - кога тие изјави доаѓале од личности како Бела Хадид - во споредба со оние од кои се соочил Канје.
„Ние имаме одговорност да обезбедиме да не ги ставаме нашите политички предрасуди пред она што е правилно. Само тогаш корпорациите како Вог, кои постојано ги прикажуваат Бела Хадид и нејзината сестра Џиџи на насловните страници на нивните списанија, ќе го следат примерот“, напиша тој.
ФОТО: Instagram