Кој го посвои бебето кое се роди под урнатините во Сирија?
Девојчето кое се роди под урнатините во Сирија при силниот земјотрес од 7.8 степени кој се случи месецов, го посвои неговата тетка. Детето остана сираче. Неговата мајка загина.
Девојчето во саботата си замина од болница, а нејзината тетка и тетин ја посвоија и ѝ дадоа ново име, Афра, по нејзината покојна мајка.
Мајката на Афра загина во земјотресот заедно со нејзиниот татко и четирите браќа и сестри. Во понеделникот, Афра ја чуваше нејзиниот тетин, Калил ал-Савади, кој сега живее со роднини во градот Џиндерис во северна Сирија, откако неговиот дом беше уништен во земјотресот. Ал-Савади и неговата сопруга имаат четири ќерки и два сина и сега Афра ќе живее со своите братучеди.
„Таа сега е едно од моите деца. Нема да правам разлика меѓу неа и моите деца“, изјави Ал Савади, кој исто така е роднина на родителите на новороденчето, за Асошиетед прес во понеделникот додека седеше со скрстени нозе држејќи ја Афра и опкружен со неговите шест деца.
Вели дека неколку дена по раѓањето на Афра, неговата сопруга ја родила ќерката Ата. Додека била во болница во блискиот град Африн, сопругата на директорот ја доела Афра. Судските власти во Африн го презедоа случајот со Афра откако девојчето привлече меѓународно внимание и некои луѓе дојдоа во болницата тврдејќи дека се во роднинска врска со неа, иако имаат различни презимиња од Афра и нејзината мајка. Ал Савади бил загрижен дека некој може да ја киднапира и често ја посетувал во болницата. Афра е предадена на семејството на нејзината тетка неколку дена откако направиле ДНК тест за да се утврди дека девојчето и жената се биолошки поврзани. Илјадници луѓе од целиот свет се понудија да го посвојат детето. Дури и брачна двојка од Сараево од Босна сакаше да го посвои детето. Вчера пак имаше силни земјотреси меѓу Турција и Сирија.
