Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој го изврши нападот во училиште во Тексас?

Кој го изврши нападот во училиште во Тексас?

Вооружен напад имаше вчера во средното училиште Санта Фе, во сојузната американска држава Тексас, при што се убиени најмалку деветмина средношколци и еден наставник, а има и повредени. Напаѓачот е ученик во училиштето во Санта Фе, лоцирано 48 километри југоисточно од Хјустон. По нападот, тој е уапсен.

Според локалната полиција, осомничен за нападот е 17-годишниот Димитриос Пагурцис од Санта Фе, пренесува „Си-би-ес њуз“.

Полицијата сé уште трага по евентуално поставени експлозивни направи околу училиштето, а властите ги повикаа граѓаните на Санта Фе да пријават доколку наидат на сомнителен предмет.

Осомничениот Пагурцис во моментов е во притвор, а покрај него за денешното пукање се испрашува уште едно лице. Полицијата објави само дека станува збор за уште еден средношколец од училиштето во Санта Фе.

„Се надеваме дека најлошото помина и дека ни претстои мирна вечер“- рече Крис Ричардсон, заменик-директор во училиштето.

Еден од очевидците на пукањето, ученикот Дејмон Рабон, рече дека Пагурцис бил чудно облечен. „На себе имаше црн трослоен капут во кој ја криеше пушката“, изјавил Рабон.

Најмалку девет лица се хоспитализирани, соопштија болнички претставници, а состојбата на повредите сè уште не е објавена. Меѓу повредените е и еден полицаец.

Ова е веќе 22. вооружен напад во САД годинава.

Слично

Поврзани вести