Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој европски политичар бара НАТО да „покаже заби“ на Русија?

Кој европски политичар бара НАТО да „покаже заби“ на Русија?

Чешкиот претседател Петр Павел го повика НАТО да „покаже заби“ како одговор на повторените тестови за решителноста на алијансата на нејзиното источно крило. 

Тој предлага низа опции што вклучуваат соборување на авиони што го нарушуваат воздушниот простор, исклучување на интернетот и исклучување на руските банки од глобалните финансиски системи.

Во интервју за „Гардијан“ во Прага, Павел побара „доволно решителни, потенцијално дури и асиметрични“ одговори за да се спротивстави на провокативното однесување на Москва, предупредувајќи дека во спротивно Кремљ би можел да ги засили своите дејствија, пишува „Гардијан“ .

Како пензиониран генерал и поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО, 64-годишниот Павел има искуство во одбраната реткост меѓу европските лидери.

Неговото долгогодишно искуство во разговорите со Москва во суспендираниот Совет НАТО-Русија го направија влијателен глас за иднината на алијансата и заканите со кои се соочува. Тој изрази фрустрација од „недостатокот на решителност од страна на САД да продолжат да вршат притисок врз Русија“, иако се воздржа од директно критикување на Доналд Трамп, и покрај тоа што американскиот претседател продолжува да ја доведува во прашање идната посветеност на Вашингтон кон алијансата.

Инаку, претходно се случуваше руски дрон да падне во Романија, Молавија. Војната помеѓу Русија и Украина е влезена во петтата година. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести