Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е вистинскиот сопственик на Фејсбук?

Кој е вистинскиот сопственик на Фејсбук?
Одговорот на ова прашање можеби се чини лесен, бидејќи најпознатата социјална мрежа во светот сите ја поврзуваат со нејзиниот основач Марк Цукерберг. Но, во реалноста, работите се поинакви и откако Фејсбук започна да котира на берза, уделот на Цукербег во компанијата се намалува. Според последниот извештајот, уделот на акции во сопственост на основачот и CEO Марк Цукерберг во компанијата Фејсбук сега изнесува помалку од 20% - поточно 19,6% или 478,9 милиони акции. Пред една година, Цукерберг имаше околу 30 отсто во акции. Тој минатата година продаде 2,3 милијарди долари удел во најголемата социјална мрежа, а поголем дел поради плаќање данок. Сепак, уделот на останатите акционери во Фејсбук и натаму е помал од оној на Цукерберг. Меѓу најголемите акционери во социјалната мрежа се Асел партнерс (удел околу 10%), Дастин Московиц (7,6%), Диџитал Скај Технолоџис (5,4%), поранешните вработени во компанијата Едуардо Саверин и Шон Паркер (по 4%). Освен ова, поради фактот што вредноста на акциите на Фејсбук речиси двојно се зголеми во 2013 година, и покрај намалениот удел, имотот на Цукерберг се зголеми за 12,4 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести