Кој е Томас Метју Крукс, напаѓачот на Трамп?
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) откри дека Томас Метју Крукс е лицето кое пукаше врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, пред да биде егзекутиран од агентите. Станува збор за 20-годишен локален жител.
- ФБИ го идентификува 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетал Парк, Пенсилванија, како човек вмешан во обид за убиство на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батглер, Пенсилванија, се наведува во соопштението на ФБИ.
Станува збор за регистриран републиканец, кој на претстојните претседателски избори за прв пат би гласал. Претходно дал мала донација на група поврзана со Демократската партија.
Неговиот татко за Си-ен-ен истакна дека се обидува да сфати што се случува и оти ќе почека да разговара со властите, па потоа јавно ќе зборува за неговиот син
