Кој е Ричард Талер-новиот нобеловец по економија?
Американскиот економист Ричард Талер е добитник на Нобеловата награда за економија за 2017 година за својот пионерски труд во областа на премостувањето на јазот помеѓу економијата и психологијата, соопшти Шведската кралска академија.
„Истражувајќи ги последиците на ограничено расудување, социјални предиспозиции и недостаток на самоконтрола, тој покажал како овие особини често системски влијаат на индивидуалните одлуки, како и на крајниот исход на пазарот“ , се наведува во соопштението на Академијата .
Талер е професор по бихевиорална наука и економија на Универзитетот Чикаго.
Нобеловата награда за екномија ја финансира Шведската централна банка, а нејзниот паричен износ е 1,1 милион долари.
Таа награда минатата година му припаѓала на Британецот Оливер Харт од Универзитетот Харвард и Бенгт Холмстром од Институтот за технологија во Масачусетс за нивната работа на теоријата на договор.
Наградата за економија ја надомести зацврстената врска меѓу Нобеловата награда, покрај признанието за медицина, физика, хемија и мир, а од 1968 година, од кога се доделува, отишла во раце на 78 добитници.
