Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ Е НАСЛЕДНИКОТ НА МЕРКЕЛ: Го нарекуваат „Турски Армин“, еве зошто

КОЈ Е НАСЛЕДНИКОТ НА МЕРКЕЛ: Го нарекуваат „Турски Армин“, еве зошто

По маратонскиот натпревар за избор на ново раководство на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), премиерот на најмоќната покраина, Армин Лашет, прв стигна до целта. Германските медиуми се прашуваат - дали следниот чекор е позиција на Канцелар на Германија?

Актуелниот премиер на една од 16-те покраини, Северна Рајна-Вестфалија, 59-годишниот Армин Лашет е новиот лидер на конзервативната политичка партија на десниот центар во Германија - ЦДУ.

Претходно, лидерската функција на Ангела Меркел, ја извршуваше нејзината долгогодишна блиска сопартијка Анергет Крамп-Каренбауер. Сега, пак, Лашет победи во трката со Фридрих Мерц и Норберт Ротген.

Од сите кандидати, Лашет, кој е премиер на најнаселената провинција Северна Рајна-Вестфалија од 2017 година, е најлојалниот сојузник на Ангела Меркел, кој сака да ја предводи партијата во иста насока како и таа. Во говорот по победата, Лашет се заколна дека ќе стори се партијата да триумфира на претстојните парламентарни избори и да ја задржи позицијата германски канцелар.

Лашет е сигурен партнер на Ангела Меркел со години, таа секогаш можеше да се потпре на него додека и самата беше на челната позиција во партијата. Тој смета дека еден од клучните предизвици за Германија е да остане индустриски моќна додека ја води борбата против климатските промени и создава посилна социјална кохезија.

Армин Лашет дипломирал право, а на почетокот на својата кариера се занимавал и со новинарство. Тој стана член на Европскиот парламент во 1999 година, а како министер е познат по либералните ставови и добрите односи со имигрантската заедница, поради што го доби јавниот прекар „Турски Армин“.

ФОТО/Твитер

Слично

Поврзани вести