Кој е напаѓачот од швајцарскиот воз?
Мажот кој нападна вчера патници во воз во Швајцарија не е осудуван.
Ова го соопшти во етерот на телевизија „Русија 24", Ханспетер Круези, портпарол на полицијата во кантонот Сант Гален.
Тој нема криминално минато, не вршел никакви нарушувања ниту на швајцарска територија, ниту кај соседите.
„Осомничениот е 27-годишен Швајцарец. По наши податоци не станува збор за мигрант, тој не живее во Сент Гален, туку во соседен кантон"- рече портпаролот.
Според него осомничениот нема криминално минато. Се надеваат дека претресот во домот на напаѓачот ќе даде знаци за да се откријат мотивите за злосторството.
Мажот нападна вчера со нож и со запалива течност патници во воз во швајцарскиот кантон Сант Гален и рани седум луѓе- шестгодишно дете, момче и девојче на 17 години, 50-годишен маж, две жени на 34 и на 43 години. Повредените се пренесени во различни болници. Полицијата уште не успеала да ги сослуша напаѓачот, бидејќи самиот тој има изгореници и е во крајно тешка состојба.
