Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е напаѓачот од Лондон?

Кој е напаѓачот од Лондон?

Напаѓачот кој синоќа со нож уби една жена, а повреди пет други луѓе во Лондон е 19-годишен тинејџер.

Комесарот на полицијата Бернард Хоган-Хау изјави дека менталното здравје на напаѓачот е значаен фактор во овој инцидент, но потврди дека полицијата истражува и дали станува збор за терористички напад.

Напаѓачот, чиј идентитет засега не се открива, веднаш по апсењето е сместен во специјална болница, каде  го чува полицијата.

Нападот се случи доцна синоќа, веднаш по 22.30 часот, на лондонски Расел Сквер, во центарот на бритаскиот главен град, во близината на познатиот Британски музеј.

Напаѓачот почнал да ги боде со нож луѓето кои биле на плоштадот.

Една постара жена им подлегнала на повредите, а другите петмина ранети, две жени и тројца мажи имаат  повреди, но не се во животна опасност.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, изјави дека се испитува мотивот за нападот.

„Ги повикувам сите лондончани да останат мирни, претпазливи и будни“ - рече Кан.

Полицијата се сомнева во терористички напад затоа што нападот е сличен со напади извршени во Израел и во Ерусалим, но и во Европа.

Слично

Поврзани вести