Кој е најскап град за живот во светот?
Сингапур е на врвот на листата на најскапи градови за живот во светот, според анализите на Економист Интелиџенс Јунит, центарот за анализи на магазинот „Економист“. На второ место на оваа листа е Париз, а потоа следуваат Осло, Цирих и Синдеј.
Лани на првото место на оваа листа беше Токио, а годинава овој град падна на шестата позиција.
„Издигањето на Сингапур на првата позиција е константен тренд, а не нешто што се случило изненадувачки. Пред 10 години, овој град беше 18-ти на листата на градови најскапи за живот. Сепак, во последната деценија, зголемената вредност на националната валута заедно со солидната инфлација на цените, придонесе Сингапур постојано да се искачува кон врвот“, се објаснува во анализата.
Силниот сингапурски долар и високата цена на автомобилите и на услугите биле пресудни за вискиот ранг на овој град. Еве како се движат цените на некои производи во Сингапур во споредба со други градови и зошто овој е најскап град во светот:
1. Изнајмување на имот
Сингапур: стан со три спални соби - во просек 8.000 американски долари месечно
Њујорк: стан со три спални соби - од 1.750-2.500 долари во квартовите на периферијата, од 6.000-15.000 долари во Менхетен месечно.
2. Автомобили
Сингапур: Мерцедес Бенц Е-класа над 277.000 долари
Германија: Мерцедес Бенц Е-класа од 71.062 долари па нагоре
3. Облека (луксузна стока)
Сингапур: Машки костум од брендот на Џорџо Армани се движи меѓу 3.000 и 4.000 американски долари.
Италија: Машки костум од брендот на Џорџо Армани од 2.619 долари па нагоре
Годинава, меѓу првите пет најскапи града, дури три се европски. Листата рангира вкупни 131 град во целиот свет, мерејќи ги трошоците за живот во нив. На дното на листата на анализирани градови се индиските Мумбај и Делхи. Најголем пад од лани забележал сирискиот главен град Дамаск, кој заради внатрешните немири паднал до четврти најевтин град во светот.
Слично
