Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е најдобриот универзитет во светот?

Кој е најдобриот универзитет во светот?

Според најновите рангирања британскиот универзитет Оксфорд изби на првото место како најдобра високообрзовна институција во светот и по 5 години му го презема приматот на Калтек, универзитетот за технологија во Калифорнија.

Во топ 10 влегоа и Стенфорд, Кембриџ, МИТ, Харвард, Принстон, Империал колеџот од Лондон, Швајцарскиот институт за технолгија и Беркли од САД. Листата ја креира Тајм магазинот врз принцип на успешност на образовните програми, истражувањата, публикациите, интернационалното присуство и приходите кои потоа дипломците ги остваруваат.

На листата на најдобрите 200 универзитети во светот САД има најмногу претставници, дури 63 установи, зад нив се Велика Британија со 32, Германија со 22, Холандија со 13, додека пак Австралија и Канада имаат по 8 универзитети во најдобрите.


Слично

Поврзани вести