Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е најбогат во еврозоната?

Кој е најбогат во еврозоната?
Најбогати во еврозоната се семејствата во Белгија, со вкупно богатство во 2012 година од 981 милијарди евра, пишуваат белгиските медиуми. Според пишувањата на медиумите едно просечно белгиско семејство има 67.158 евра на штедна книшка и инвестиции, што е рекорд во еврозоната. Просекот во Холандија е 61.219 евра, потоа следува Франција со 47.704, па Германија со 38.702 евра. Проценките пак на Централната белгиска банка покажуваат дека вредноста на недвижностите на белгиските семејства,  изнесува околу илјада милијарди евра. Во очекување на зголемување на даноците, белгиските семејства големи количини на пари ставаат на штедна книшка, што објаснува, како што наведуваат белгиските медиуми, зошто Белгија има многу богати семејства.
Слично

Поврзани вести