Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е на врвот на листата на писатели со најголема заработка според Форбс?

Кој е на врвот на листата на писатели со најголема заработка според Форбс?
Врз основа на подaтоците добиени од издавачките куќи и книжарниците и други извори Форбс направи листа на најпродавани книги. Првото место го зазема еротската трилогија „Педесет нијанси сиво“ од авторката Е .Л .ЏЕЈМС со заработка од 95 милиoни долари до јуни 2013 година. Таа зад себе ги остави Чејмс  Петерсон, Даниел Стил и Стивен Кинг. „Педесет нијанси сиво“, која зборува за  сексуалните авантури на една студентка и нејзиниот партнер е најпродавана книга  и е преведена на многу јазици, вклучувајки ги и албанскиот, кинескиот, рускиот,  виетнамскиот и македонскиот. Џејмс Петерсон е на второ место со заработка од 91 милиони долари, а на трето место е Сузан Колинс автор на серијалот„ Игрите на гладните“ со заработка од 55 милиони долари. За оваа книга снимен е филм. На четврто место е Бил О Рајли, а на петто место е Даниел Стил со заработка од 26 милиони долари. Книгата на Ден Браун „Инферно“ се најде на деветтото место со заработка од 22 милини долари. Овој роман е инспириран од „Боженствената комедија“ на Данте Алигиери. Работната верзија на овој роман беше транспортирана со авион (не преку елктронска пошта), чувана како најстрога тајна и заклучувана  во сеф.
Слично

Поврзани вести