Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е мотивот за нападот кој Сириецот го изврши во Франција?

Кој е мотивот за нападот кој Сириецот го изврши во Франција?

Властите го утврдуваат мотивот за нападот кој вчера го изврши Сириецот кој избоде деца во парк во Франција.

Напаѓачот е 31-годишен Сириец, кој со нож избоде четири деца и двајца возрасни на детско игралиште во градот Анеси. 

Избодените деца се на возраст од 22 месеци до три години. На социјалните мрежи се појави страшна снимка од нападот, на која се гледа како напаѓач со нож во рака бара и прободува деца на детско игралиште, а се гледа и како прободува дете во количка. 

Го повикаше името на Исус за време на нападот. Напаѓачот е сириски христијанин кој дошол во Европа пред 10 години. Тој доби статус на бегалец во Шведска, од каде што пристигна во Франција пред четири месеци, откако се разведе од сопругата, која вели дека оттогаш не знае ништо за него. Тој остави и тригодишна ќерка во Шведска.

Во минатогодишното барање за статус на бегалец во Франција тој изјавил дека е сириски христијанин. Откако е уапсен, кај него биле пронајдени крст и христијански молитвеник.

Француските власти вчера објавија дека мотивот за нападот не бил терористички и дека напаѓачот немал криминално досие, ниту се лекувал поради психички проблеми.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин денеска објави значајна информација, која може да биде важна за откривање на мотивот за нападот. Имено, Сириецот аплицирал за статус на бегалец во Франција, а неговото барање е одбиено пред само неколку дена.

„Таа случајност е загрижувачка. Тој го направи она што го направи само неколку дена откако неговото барање беше одбиено“, рече Дарманин.

Би-би-си јавува дека напаѓачот неколку дена бил во близина на игралиштето.

Слично

Поврзани вести