Кој е „куварот на Путин“ и како Евгениј Пригожин од продавач на хот-дог стигна до ко-сопственик на „Вагнер“ - најголемата руска приватна војска?
Во период од 30 години Пригожин од продавач на хот-дог на пазарот во Ленинград, преку бизнис со кладилници па елитни ресторани и кетеринг монопол за потребите на Кремљ под водство на Путин, стана сопственик на приватна армија која брои над 50.000 војници распоредени на првите борбени линии во Украина. Неговите „кучиња на војната“ прекалени и прежалени професионални војници имаат „минат труд“ во Сирија и Ирак каде го уништија ИСИЛ, а палеа и жареа во граѓански војни, немири и пучови во Либан, Мали, Јужен Судан, Венецуела и Централно африканската република
Евгениј Пригожин, од сите актуелни јавни личности, е најпознат Русин во светски рамки после Путин. Неговата глобална актуелност расте во последно време расте толку рапидно особено откако почна директно и без „периз“ да го критикува и рускиот министер за одбрана Шојгу – личен пријател на рускиот вожд Владимир Путин.
Пригожин изгради култ на ултра моќен, недофатлив лик кој во војната во Украина се наметна како „алфа и омега“ особено по запирањето на забревтаната украинска офанзира и нејзиното прекршување во најистоштувачката битка во оваа војна – офанзивата за освојување на стратешки важниот град Бахмут.
Пригожин е мнозински сопственик на озлогласената приватна руска војска со уникатен назив „Вагнер“. Таа „компанија“ ангажира „кучиња на војната“ од кои најголем дел се прежалени, прекалени, неверојатно способни фанатици – војници кои немаат ниту религија ниту идеологија, а веруваат само во парите.
Факт е дека приватната армија на Пригожин го извади „Путин од калта“ затоа што успеаја да ја запрат силната украинска офанзива и го вратат Бахмут од рацете на Украинците. Тогаш нагло порасна нивната популарност и ги засенија дури и руските специјалци од „Росгардија“.
По тој успех Пригожин отвори вербална војна со рускиот генералштаб и во неколку наврати неговите критики, во тек на битката за Бахмут, беа насочени дури и директно на првиот руски генерал и војсководец Шојгу. Со овие негови постапки го засени и радикалниот лидер Рамзан Кадиров прв човек на Чеченија и воен водач на чеченските борци кои се во првите фронтовски линии заедно со руската војска и платениците од руските приватни компании и доброволци организирани во локални милиции.
Пригожин е роден во Санкт Петерсбург (тогашен Ленинград) во 1961 година и како многу млад останува без татко. Неговите непријатели неговата контроверзност и конфликтност ја основаат и на тоа што неговиот татко бил Евреин, а неговата паралимиратарна фирма го носи името „Вагнер“ како што е и презимето на истакнатиот германски композитор кој ги омилен на Адолф Хитлер.
Во младоста бил спортист кој бил на чекор до руската скијачка репрезентација, но никогаш не станал руски репрезентативец. Уште како млад бил проблематичен и склон кон кражби и криминал. Во време на СССР одлежал девет години затвор заради серија кражби во станови. Помилувам бил во 1990 година по распадот на тогашната држава.
Бил вешт претприемач и првиот бизнис со кој се занимавал е продажба на хот-дог на главното пазариште во вториот најголем руски град. По тоа почнал да се занимава со трговија на големо со прехрана, па влегол во бизнисот во коцкарници. Според руски извори многу е веројатно дека во тој период и се запознал со Путин кој бил дел од градскиот естаблишмент на Санкт Петерсбург, а воедно бил дел од надлежните кои ги издавале лиценците за сублектите кои организаат игри на среќа.
Прекарот куварот на Путин Пригожин го добива откако неговата компанија добива монопол на сите услуги за кетеринг (подготовка и достава на храна) преку неговата фирма „Конкорд Кетеринг“ за највисоката руска државна администрација во Кремљ откако Путин го превзел управувањето со државата кон крајот на минатиот век.
Пригожин како угостител е познат и по тоа што во Санкт Петерсбург го држел најлуксузниот ресторан на вода Њу Ајланд во кој ги угостил Путин со поранешниот француски претседател Жак Ширак и поранешниот американски претседател Џорџ Буш.
Што е „Вагнер“, војска платеници кои сеат страв и трепет?
Групацијата „Вагнер“ прв пат во јавност се појавува со ескалацијата на политичката криза во Украина по што заради непочитувањето на договорот од Минск на украинската страна Русите го анектираат Крим, а Украинците во својата редовна војска на платен список со буџетски средства ги регрутираат нео-нацистите во дивизиите „Азот“ и „Десен сектор“ поранешни навивачки хулигани и осудени криминалци.
Според податоци достапни на Википедија „Вагнер“ во тоа време , на кримската криза, брои околу 250 платеници со искуство на други фронтови. Според истиот извор на крајот на 2022 година „Вагнер“ брои над 50.000 војници специјалисти за различни воени родови, тактики и техники.
„Вагнер“ во своето „Си – Ви“ има учество во крвавите настани во Сирија и според многу западни извори токму оваа воена организација заедно со курдските армии им зададе смртоносен удар на милитантните фанатици – терористите од ИСИЛ „Исламска држава“ кои своевремено се раширија на териториите на Иран, Ирак, Сирија, Афганистан и Пакистан. Тие беа активни и во втората граѓанска војна во Либан.
„Вагнер“ има богато воено искуство и на афричкиот фронт каде редовно како платеници даваат поддршка за соборување или за оддржување на конкретен воено-политички режим. На нивната листа се учествата во Судан, Централно афричката република (најсиромашната држава на светот) и во Мали.
Запазено помина и нивното учество во последните немири во Венецуела кога застанаа на страната на актуелниот естаблишмент.
Р.Ф.