Кој е крив ако возило-автоматик предизвика несреќа?
Автомобилите со автоматско управување земаат се поголем замав во автомобилската индустријата. Но, луѓето ги мачи дилемата околу правната одговорност на оваа технологија. Се поставува прашањето, кој е виновен доколку возило автоматик предизвика сообраќајна несреќа?
Автомобилската компанија Волво на пример вели дека ја прифаќаат целосната одговорност доколку дојде до несреќа со нивно возило.
Друг проблем кај автоматикот е тоа што има голем ризик од хакерски напади на нивниот систем кои можат да ги доведат во опасност патниците и останатите учесници во сообраќајот.
Од овој апсект,дел од одговорноста паѓа на самите производители и квалитетот и безбедноста на нивните системи за автономно возење.
Другиот дел од одговорност пак, според Волво е кај властите кои треба да донесат закони што ќе ја регулираат оваа област со соодветна казнена политика и така ќе ги обесхрабрат хакерите.
