Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е комичарот Володомир Зеленски кој му зададе удар на украинскиот претседател ?

Кој е комичарот Володомир Зеленски кој му зададе удар на украинскиот претседател ?

Комичарот Володомир Зеленски кој на неделните претседателски избори во Украина озвоил 30,45 отсто од гласовите и актуелниот претседател Петро Порошенко за кој гласале 16,22 отсто ќе ги одмерат силите во вториот круг на изборите на 21 април.

Сакам да им кажам „Благодарам“ на сите Украинци кои не гласале само ради шега-рекол Зеленски и додал дека тоа е само почеток и дека нема опуштање. Како што додал „ние сме млади луѓе. Не сакаме да го видиме се она од минатото во нашата иднина-додал Зеленски.

Зеленски и се доближува на точката во која животот ја имитира уметноста. Најпознатата улога на 41 годишниот актер е улога на наставник кој станува претседател бидејќи видеото како ја осудува корупцијата станало вирално. 

Како карактер кој глуми во ТВ серија „Слуга на народот“, Зеленски силно се фокусирал на корупцијата.


Тој меѓудругото предлага забрана за извршување на јавни функции на секој кој е осуден за корупција и простување на данок на сите кои имале скриен имот, а пријавиле и плати од данок од 5 проценти.

Зеленски подржува евентуално членство на Украина во НАТО, но само ако за тоа се изјаснат граѓаните на референдум.

Неговит чист имиџ го засенило признанието дека има комерцијални интересеи во Русија преку хплдинг компанија и упорени шпекулации за врски со олигархот Ихор Коломојски, кој е сопственик на телевизиските станици која емирува серијата „Слуга на народот“.

Владимир Зеленски на претседателските избори се кандидарал на шега, која Украинците и не ја сфатиле.



Фото: nbcnews.com 

Слично

Поврзани вести