КОЈ Е ЈУСУФ ДИКЕЧ, ЧОВЕКОТ ШТО ГИ ЗАПАЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ? Ноншалантно освои сребро на ОИ со раката во џеб
Јусуф Дикеч, е турски стрелец кој на Олимпијадата во Париз освои сребрен медал, привлече големо внимание поради начинот на стрелање без специјална опрема што вообичаено ја користат натпреварувачите. Има 51 година.
Тој со својата техника на стрелање го освои светот.
Додека сите мислеа дека нема опрема, тој всушност така настапувал, а овогодинешниот настап не е ниту прв, бидејќи на интернет се појавија фотографии од негов настап на ОИ од 2011 година, каде на истиот начин се натпреварува во стрелање.
Со неговата ноншалантна фотографија на социјалните мрежи се споделуваат голем број мемиња.
Дикеч и неговата тимска колешка Шевал Илајда Тархан го освоија сребрениот медал во мешани тимови на 10 метри со воздушен пиштол на Олимписките игри во Париз 2024 вчера откако го загубија финалето од Србија со 16-14, што е прв олимписки медал за Туркије во стрелаштво.
Дикеч е пензиониран турски армиски офицер. Тој претходно има освоено два златни медала на Светското првенство на Меѓународната стрелачка спортска федерација (ISSF), еден златен медал на Светскиот куп и пет златни медали на Европското првенство во стрелаштво.Yusuf Dikeç, 2011 yılında aynı duruşla Dünya Şampiyonu olmuş.
— iyi ki öğrendim (@iyikiogrendim) August 3, 2024
O zaman sosyal medya bu kadar etkin ve yaygın değildi. pic.twitter.com/rwydpcwoHP
Фото:Принтскрин Х
Слично
