Кој е градот кој е избор број еден на најсреќната нација на светот?
Финска повторно е прогласена за најсреќната земја на светот, а во неа постои и место кое го нарекуваат најсреќно. Тоа е градот Тампере којшто Финците редовно го бираат како место каде најмногу сакаат да живеат.
Финска е најсреќната држава на светот според Светскиот извештај за среќа. Шеста година по ред е на врвот.
Посетителите можат да уживаат во шумата покрај езеро со прошетка низ крајбрежјето и да се капат, а до таму се стигнува со кратко возење со трамвај.
Кулата „Pyynikki“ е позната по своите кафулиња и крофни. Тука е и маркетот „Hall“ отворен во 1901 година. Ова е најголемиот пазар во нордиските земји, а неговите штандови и кафулиња се преполни со висококвалитетни, локални производи како што е овошјето кое изобилува во текот на летните месеци.
