Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е газда на Месечината?

Кој е газда на Месечината?
Кинеското спуштање на летало без човечки екипаж на Месечината отвори расправа за потенцијална експлоатација на Месечината и за тоа кој всушност е сопственик на единствениот природен сателит на Земјата. Кинеската мисија „Чанг 3“ беше прво успешно т.н. меко слетување на Месечината во последните 37 години. Пред почетокот на мисијата, кинеските научници ја опишаа Месечината како потенцијален извор на минерали. Меѓутоа, моментално никој не може да ја присвои Месечината, вели Иан Крофорд, професор на планетарни науки на колеџот Биркбек при Универзитетот во Лондон. „Законскиот статус на Месечината се води под член 2, на Меѓународниот договор за вселената од 1967 година, во кој на државите исклучително им се забранува присвојување на Месечината“, објаснува Крофорд. Меѓутоа, тој смета дека е време овој договор да се обнови. „Во следните неколку децении, економската експлоатација на Месечината ќе биде технички можна. Иако нема минерали кои можат да се ископуваат, индустријата на вселенскиот туризам добива на популарност, така да можеме да претпоставиме дека ќе се зголеми интересот за испраќање на луѓе на Месечината, како патници кои плаќаат карта. Ништо од тоа не се наоѓа во Меѓународниот договор од 1967 година“, вели Крофорд. За компаниите како „Вирџин Галактик“ тоа станува се пореално. „Вирџин Галактик“ минатата недела по трет пат изведе суперсоничен пробен лет и планира да ги понесе и првите патници во вселената ова лето. Научниците се согласуваат дека кинеската мисија на Месечината претставува ново, возбудливо поглавје во истражувањето на Вселената. http://www.youtube.com/watch?v=2iSZMv64wuU Извор: Гласот на Америка
Слично

Поврзани вести