Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ Е ДЕНИС ПРОКОПЕНКО-КОМАНДАНТОТ НА „АЗОВ“ ИМА ИНТРИГАНТНА БИОГРАФИЈА: Дали и тој го напушти Азовстал?

КОЈ Е ДЕНИС ПРОКОПЕНКО-КОМАНДАНТОТ НА „АЗОВ“ ИМА ИНТРИГАНТНА БИОГРАФИЈА: Дали и тој го напушти Азовстал?

По повеќенеделната опсада на челичарницата Азовстал во Мариупол, вчера излегоа последните цивили, а безбедносните служби на ДНР јавија дека и украинските војници со бели знамиња го напуштиле последното упориште. Останува дилемата, дали меѓу нив е и командантот на азовскиот баталјано Денис Прокопенко.

За време на специјалната операција на руските сили во Украина, Азов е претсатвен како баталјон со најодлучни борци и со модерна и високо мобилна единица за специјални намени. Командантот, 31-годишниот потполковник Денис Прокопенко, кој многу Украинци, подобро го познаваат, се убедени дека тој никогаш нема да им се предаде на Русите.

Прокопенко е човек со многу интригантна биографија. Тој е високообразован, дипломирал германска филологија и англиски јазик на Националниот универзитет во Киев. Пред револуцијата на Мајдан и руската анексија на Крим во 2014 година, кога им се приклучи на украинските вооружени сили, беше познат како фанатичен „ултра“ и водач на навивачите на Киев Динамо.

По потекло е Финец од Карелија, провинција окупирана од Советите на Сталин за време на Зимската војна пред 80 години. Неговиот дедо бил единствениот член од семејството кој ја преживеал советско-финската војна и окупација во тоа време, служејќи во финските одбранбени сили од 1939 до 1940 година и нанесувајќи им големи загуби на Советите.

Прокопенко, неговата сегашна борба за одбрана на Украина и Мариупол од Путин ја смета за длабоко интимна мисија и своевидно продолжение на славниот отпор на неговиот предок.

Цели пет години Прокопенко е на чело на единицата Азов. Пред тоа со години се бореше на Мајдан и во Донбас.

Кога Путин започна масовна инвазија на Украина кон крајот на февруари, Прокопенко и неговите соборци решија да го одбранат градот на брегот на Азовското Море, по што беше именувана нивната единица и која претходно ја избраа за своја седиште.

Воените аналитичари оценуваат дека уништувањето на Азов, а особено заробувањето на Прокопенко и неговите соборци, накратко, може да му надомести на Путин пред домашната публика за загубите што Русија ги претрпе во Украина.

Пред еден месец чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави награда од половина милион долари за секој што ќе му ја донесе главата или друг доказ дека го убил командантот на Азов, Денис Прокопенко.


Слично

Поврзани вести