Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој е човекот кој добил задача да го убие Путин?

Кој е човекот кој добил задача да го убие Путин?

Припадник на руските тајни служби тврди дека добил задача да го убие рускиот претседател Владимир Путин. 

Руските тајни служби истражуваат заговор за атентат на Путин од луѓе „од нивните редови“.

Извор на Телеграм тврди дека слушнал како „агент“ се фалел дека добил задача да го „отстрани“ диктаторот. Наводно „агентот“ ова му го кажал на изворот на состанок во караоке клубот „Мед“ во Чехов, во близина на Москва, познато место за дружење на оперативци на безбедносните служби. На доушникот – по име Михаил Јурченко (37), претприемач – му ја покажал официјалната лична карта за време на „долг, искрен разговор за војната и идниот живот во Русија“. Информаторот ги пријавил тие закани кон Путин во полиција.

„Специјалните служби веќе неколку дена трагаат по непознато лице кое планирало да го „отстрани“ Путин“, пишува на Телеграм на CPC-OGPU, пренесува британски Метро.

Кремљ во мај ја обвини Украина дека се обидела да го убие Путин. Соопштија дека два дрона ја нападнале резиденцијата на претседателот. Украинските власти тврдеа дека нивниот претседател Володимир Зеленски откако почна војната избегнал повеќе атентати. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари и уште трае. 

Слично

Поврзани вести